Најдобрите тенисери на денешницата Карлос Алкараз и Јаник Синер одиграа егзибициски натпревар во Сеул, Јужна Кореја во кој по голема борба славеше шпанскиот тенисер со 2-0, по сетови 7-5 и 7-6.
Двајцата тенисери одиграа еден неизвесен натпревар во кој во првиот сет еден брејк беше доволен за негово освојување на Шпанецот, додека во вториот славеше во неизвесен тај-брејк со 8-6.
Алкараз на Австралија опен ќе го брка единствениот трофеј кој му недостасува од гранд-слем турнирите, додека Јаник Синер ќе ја брка својата трета титула во низа на турнирот во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

