Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз не успеа да се пласира во финалето на АТП-турнирот во Базел кој се игра на тврда подлога 0-2 (3-6, 2-6).
Шпанецот загуби од Феликс Оже-Алијасим, во меч кој траеше час и 20 минути. Се очекуваше поголем отпор од Карлос и мечот да понуди три сета, меѓутоа многуте грешки скапо го чинеа на овој дуел.
Канаѓанецот кој е деветти на АТП-листата за титула ќе игра со Руне или Баутиста-Агут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

