Шпанскиот тенисер Карлос Лкараз зборуваше за тоа што го очекува во 2026 година.
Еден ден откако го потврди првото место на АТП ранг-листата на крајот од сезоната, Карлос Алкараз отворено зборуваше за своите најважни амбиции за почетокот на следната година.
Шпанскиот тенисер, кој ја заврши сезоната 2025 како најдобар во светот, гледа посебна мотивација во својата потрага по трофејот на Австралија Опен, гранд-слемот што сè уште не го освоил.
„Во 2026 година, би сакал да ја освојам Австралија отколку да ги бранам титулите во Ролан Гарос и САД Опен. Далеку сум од тоа да бидам најдобриот играч, иако ранг-листата го кажува тоа“, рече Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

