Еден од најдобрите тенисери на денешницата Карлоз Алкараз продолжува со одличните партии на турнирите на земја.
По титулата во Монте Карло минатата недела, Шпанецот се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона. Тој во четвртфиналниот меч кој се одигра денеска беше подобар од Австралиецот, Алекс де Минор со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-3.
Во полуфиналето Алкараз за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Стефанос Циципас од Грција и Артур Фис од Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА