Шампионот на Ролан Гарос, Карлос Алкараз, се пласираше во второто коло на францускиот грандслем со победа над Џулио Чепиери во три сета од 6-3, 6-4, 6-2.
Во следната рунда, Шпанецот ќе игра против Фабијан Марожан, кој го елиминираше Лука Нарди со 3-0.
Алкараз ја потврди својата добра форма и лесно го победи Италијанецот, 310-тиот играч на планетата, кој пристигна од квалификациите.
Ова беше втор дуел меѓу двајцата играчи и втора победа за Алкараз, по оној во Умаг во 2022 година.
Во текот на првите два сета, еден брејк беше доволен за Алкараз, додека во третиот тој забрза уште повеќе, и двапати му го одзеде сервисот на Чепиери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

