Ноќеска се одиграа неколку мечеви на турнирот во Синсинати, САД, во кој главно фаворитите славеа победи, и се пласираа во 1/4 финалето.
Карлос Алкараз го совлада италијанскиот тенисер Нарди со 2-0 (6-1 и 6-4 во сетови), и се пласираше меѓу најдобрите осум. Таму е и Александар Рубљов кој со 2-0 беше подобар од Аргентинецот Комесана. Зверев, пак, го доби мечот со Качанов, откако тенисерот од Русија го предаде мечот на 1-0 во сетови поради повреда.
Во следното коло оди и Оже Алисам кој со 2-0 го победи Бонзи од Франција. Најголемото изненадување го направи Атман од Франција, кој како 136-ти тенисер на светот го елиминираше Томас Фриц од САД со 2-1 (3-6, 7-5 и 6-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

