Алкараз: Сакам да се вратам на врвот на АТП-листата до крајот на годинава

Карлос Алкараз отсекогаш важел за максимално амбициозен тенисер, а шпанскиот ас тоа го потврди и со последната изјава, со која најави дека е подготвен да се бори со Јаник Синер за што поскоро да се врати назад на врвот на АТП-листата.

Шпанскиот тенисер се надева дека ќе успее тоа да го стори до крајот на годинава, со оглед на фактот дека Јаник Синер лани доминираше кон крајот на 2024 и сега ќе брани огромен број на поени, додека Алкараз стигна до само еден трофеј, во Пекинг. Разликата меѓу двајцата е огромна (12.030 спроти 8.600), но Алкараз верува дека со добри игри во наредниот период може да ја оствари  зацртаната цел.

„Не кријам, сакам да се вратам на врвот на АТП-листата, и тоа да го сторам годинава. Лани имав проболеми, оној пораз во финалето од Олимписките Игри скапо ме чинеше, но предност во целата ситуација е што годинава не бранам многу поени. Подготвен сум на борба на сите турнири на кои ќе настапам до крајот на годинава. Знам дека мојата мотивација нема да влијае врз Синер и се ќе зависи од него и неговите резултати, но јас ќе сторам се за да се вратам на чело на АТП-рангирањето“, изјави Алкараз.

Двајцата прворангирани тенисери ќе го пропуштат следниот Мастерс-турнир во Торонто, но се очекува да се појават во Синсинати, каде Синер е лански шампион и ќе брани 1.000 АТП-поени.

Се вчитува...