Алкараз: Сакам ривалството со Синер долго да трае

Карлос Алкараз не успеа да ја одбрани титулата на грен-слемот Вимблдон откако во големото финале загуби од Јаник Синер со 3-1 и покрај тоа што го доби првиот гем со 6-4.

Шпанскиот тенисер не го криеше разочарувањето од поразот, но му честиташе на Синер и посака ривалството долго да трае.

„Тешко е да доживееш ваков пораз. Знам дека ова е финале. Честитки за Јаник имаше неверојатни две недели. Го заслужи трофејот, играше одличен тенис. Честитки и до неговиот тим, знам дека многумина дојдоа да навиваат за тебе. Само така продолжи. Среќен сум што си толку добар и на теренот и надвор од него и што нашето ривалство расте, се надевам дека долго ќе трае“, изјави Алкараз.

Се вчитува...