Карлос Алкараз поради повреда, по само два одиграни гема, го предаде мечот од првото коло против Тиаго Монтеиро на АТП турнирот во Рио Де Жанеиро.
Тој го свитка скочниот зглоб, па мораше да се повлече од натамошното натпреварување.
„Навистина сум тажен што морав да се повлечам поради повреда на скочниот зглоб. Ќе направиме неколку теста за да го видиме степенот на повредата. Ви благодарам“ – напиша Алкараз на Твитер.
Шпанецот минатата година играше во финалето во Рио, па со овој пораз загуби дополнителни 300 бода на АТП листата. Следен негов турнир е Индијан Велс каде ја брани титулата од минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

