До крајот на сезоната остануваат уште два месеци, а Карлос Алкараз е се поблиску до соборување на десет години стариот рекорд на Новак Ѓоковиќ. Ноле заработил 21.146.145 долари во 2015 година, што е најмногу заработено од еден играч во една сезона.
Сега Карлос Алкараз опасно се приближи. Со 15.631.652 долари, Шпанецот е најплатен тенисер во досегашниот тек од сезоната, но сезоната се уште не е завршена.
Шампионската титула во Токио е 416.365 долари, но Алкараз игра за милион повеќе. Толку е оваа година бонусот за најуспешниот на турнирите од серијата 500. Бројот 1 веќе освои две титули од овој ранг, во Ротердам и Квинс, го одигра финалето во Барселона и води на листата. Ако игра добро во Токио, речиси сигурно ќе го запечати првото место на оваа листа, бидејќи до крајот на годината има само уште два турнири од ова ниво, но во иста недела во Виена и Базел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

