Алкараз се повлече од Шангај

Карлос Алкараз успеа да им докаже на сите зошто е тенисер број еден во светот во моментов со освојувањето на турнирот во Токио, но веднаш по освојувањето на турнирот мораше да го откаже следниот настап што беше планиран. 

Станува збор за турнир од мастерс серијата што се игра во Шангај, на кој ќе учествува и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. 

Алкараз има проблеми со повреди уште од почетокот на турнирот во Токио. И покрај тоа што на крајот се закити со титулата, сепак, тоа остави последици, па не сакајќи да ризикува, го откажа настапот во Кина. 

Се вчитува...