Најдобриот тенисер на денешницата, Карлос Алкараз успешно ја мина првата пречка на АТП турнирот од серијата 500 кој што се игра во Токио.
Тој во својот прв меч во главниот град на Јапонија, славеше над Аргентинецот, Себастијан Баез со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.
Алкараз имаше проблеми на стартот на мечот кога при водство од 2-0 доживеа незгодна повреда. Иако на прв поглед не изгледаше добро, Шпанецот сепак успеа да го продолжи мечот и на крајот да слави со максимални 2-0 по сетови.
Во осминафиналето Алкараз за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Табило од Чиле и Белгиецот, Зизу Бергз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

