Алкараз: Се уште не можам да сфатам како го победив Синер и го освоив Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека сè уште не разбира како успеал да го освои Ролан Гарос.

Минатата недела Алкараз стана третиот најмлад тенисер со пет титули на еден Грандслем турнир, откако го победи Јаник Синер по пет сета, и пет и пол часа игра.

Италијанецот имаше три брејка и во исто време три меч-топки при 2-1 во сетови, но не ги искористи.

„Сè уште го гледам мојот телефон, медиумите и ги гледам снимките од дуелот против Синер и како успеав да ги спасам тие меч топки. Навистина не разбирам како победив. Сè уште сум во шок кога гледам што успеав. Сè уште не сум целосно свесен дека сум шампион на Ролан Гарос“ – рече Алкараз.

По Париз, се упати кон Ибица.

„Беше забавно, три дена и три ноќи. Доволно. Искрено, бев таму повеќе ментално отколку физички. Најлудото нешто што го направив беше што се забавував до многу доцна. Танцував малку, но ништо повеќе од другите“ – заклучи Алкараз.

Неговата следна станица е Квинс, каде што ќе биде прв носител.

Се вчитува...