Алкараз се закани: Одам по рекордите на Новак Ѓоковиќ

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз „изгоре“ од преголема желба да го надмине големиот ривал Новак Ѓоковиќ. Победата над Србинот на „Вимблдон“ му даде „крилја“ на 20-годишникот, но целта го престигне на врвот на АТП листата донесе контра ефект со пад во формата па доби и критки дека повеќе размислува за Ѓоковиќ отколку за неговата игра.

Алкараз во разгвоор за аргентинските медиуми пред настапот на турнирот во Буенос Аирес не криеше дека постојано размислува за Ѓоковиќ и неговите рекорди кои сака да ги надмине до крајот на кариерата.

„Нормално дека размислувам за Ѓоковиќ и неговите 24 грен-слема. Тоа е нормалмно. Сега Новак и Синер се тенисерите кои треба да ги победам. Тие се на врвот на светот, тие се најдобри. Јас сум амбициозен, имам големи цели и сонови до крајот на кариерата. Нормално е дека 24 грен-слема на Ѓоковиќ се мојата најголема цел во кариерата. Можеби ќе освојам пет, можеби ќе останам на два, но јас сакам да ги освојвам сите. За тоа размислувам“, изјави Алкараз.

Се вчитува...