Еден од најпопуларните спортисти во светот, веќе мултимилионер иако има само 21 година, момче чија маркетиншка вредност се мери најмалку една милијарда, Карлоз Алкараз не може да најде девојка.
Тој вели дека на оваа тема често дома се шали со фамилијата, но во моментов е сам и се уште ја нема најдено избраничката на неговото срце.
„Сам сум, но би сакал да ја запознаам вистинската личност. Дома моментално се шегуваат со мене на оваа тема, но тоа е животот. Се уште ја чекам вистинската“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

