Алкараз шокираше со фризурата, но ја мина првата пречка… крај на патот за Венус Вилијамс

Карлос Алкараз со максимална победа од 3-0 ја мина првата пречка на УС Опен, славејќи во мечот со Рајли Опелка со конечни 6-4, 7-5, 6-4. Американскиот џин важи за фантастичен сервер кој знае да им создаде проблеми на фаворитите пред се на тврда подлога како онаа во Њујорк, но Алкараз најде начин да стигне до три брејка, што беше сосема доволно за да се забележи победа и пласман во второто коло, каде Шпанецот го очекува пресметка со Италијанецот Белучи.

Во центарот на вниманието беше фризурата со која Карлос излезе на теренот, целосно менувајќи го имиџот во однос на претходните турнири.

„Косата ми беше предолга, сакав да ја ишишам, јас и брат ми бевме сами во собата… тој ја зеде машинката и ме скрати премногу, па немав друго решение да ја средам освен вака целосно да ја ишишам. Затоа изгледам вака, но да бидам искрен – не е толку лошо“, истакна Алкараз.

Венус Вилијамс реши да настапи на УС Опен, но Американката беше елиминирана уште во првата рунда губејќи од Каролина Мухова со 1-2 во сетови. Венус на 45-годишна возраст не обелодени дали овој пораз значи и крај на кариерата, иако е повеќе од јасно дека искусната Американка е далеку од посакуваната форма.

„Многу сум горда на тоа како одиграв. Напредокот во однос на претходните турнири беше огромен. Пензија? Не сакам да одговорам, ако има турнири во САД сигурно ќе играм на уште некој, кажете ми кој турнир е следен… Не сакам многу да патувам“, прокоментира расположена и покрај поразот Венус Вилијамс.

Се вчитува...