Алкараз: Синер може да го победи Ѓоковиќ

Александар Зверев го одигра својот најдобар меч во последните неколку години, откако Германецот го совлада Карлос Алкараз (3-1 во сетови) во денешното четвртфинале на Австралија Опен, обезбедувајќи си место меѓу најдобрите четири во првиот овогодишен гранслем турнир. Алкараз допатува во Мелбурн полн со оптимизам најавувајќи дека ќе го запре налетот на Новак Ѓоковиќ, но вториот светски рекет воопшто не дочека дуел со Србинот откако вечерва беше заслужено поразен од Зверев.

По мечот Алкараз изјави дека сите тенисери кои останаа можат да го победат Ѓоковиќ, а дека Синер има голем потенцијал да го направи тоа.

„Мислам дека тенисерите кои се пласираа во полуфиналето се на високо ниво и можат да го победат Новак. Не е лесно, но мислам дека Синер игра извонредно и има капацитет да го победи Ѓоковиќ“, кажа Алкараз.

Се вчитува...