Алкараз со 3-0 го совлада Ѓоковиќ за пласман во финале на УС Опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на УС Опен, откако вечерва го совлада некогаш најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ со 3-0, во сетови 6-4, 7-6…

Првиот сет го освои Алкараз, кој ја искористи шансата која му се укажа. Србинот во вториот сет ја пропушти својата шанса да се врати во мечот. Имаше Ѓоковиќ 3-0, меѓутоа потоа му дозволи на Шпанецот да се врати целосно и да дојде до 3-3.

Се играше гем за гем, се до 6-6 и до тај брејк, во кој Алкараз успеа да дојде до 7-6 пред се поради подобриот почеток на тај-брејкот, поведе со 2-0 и се доближи до финалето.

Беше видливо во третиот сет дека Ѓоковиќ нема сила да парира против својот противник. На свој сервис и двајцата тенисери го земаа првиот гем, а потоа Алкараз направи брејк за 3-1. Доминантно, Шпанецот дојде и до предност од 4-1, и се чинеше дека вратата кон финалето му е отворена. Ѓоковиќ успеа да се врати и да намали на 4-2. Но, Шпанецот веднаш се врати и без загубен поен, успеа да дојде до 5-2, надежите за Ѓоковиќ дека може да направи пресврт беа се помали. Одлично Алкараз го почна и решавачкиот гем, дојде до 30-15, па потоа двојна сервис грешка на Ѓоковиќ и меч топка која ја искористи Алкараз на грешка на Србинот, и потврди пласман во големото финале.

Алкараз во финалето ќе игра со подобриот од Синер и Оже-Алијасим.

Се вчитува...