Карлос Алкараз го комплетираше својот кариерен грендслем со освојување на сите четири грендслем трофеи откако беше подобар од десеткратниот шампион Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен.
По натпреварот, младиот Шпанец зборуваше на церемонијата на која со одбрани зборови говореше за својот идол Новак.
„Прво сакам да му се обратам на Новак, тој сигурно заслужува вакви стоечки овации. Зборуваше за тоа како јас правам извонредни работи, но она што ти го правиш за тенисот и спортот воопшто е инспиративно. Не само за тенисерите, туку и за сите спортисти, сите луѓе во светот, за мене. Работиш напорно и како што треба секој ден, каде и да се појавиш, играш толку добар тенис, и сите таков инспиратот. Чест ми е што ја делам соблекувалната и теренот со тебе, но и да те гледам како играш. Ти благодарам за она што го правиш бидејќи навистина ме инспирира“ – рече Алкараз.
Потоа тој се осврна на своето големо достигнување и неговиот тим.
„Никој не знае колку напорно работев за да го добијам овој трофеј. Го бркав овој момент толку долго. Имав емотивен ролеркостер во предсезоната, се исклучивме од коментарите на луѓето пред да дојдам во Австралија и едноставно работевме. Ме туркавте секој ден да направам сè што требаше и навистина сум благодарен за тоа, благодарен сум на сите што се таму со мене. Овој трофеј е и ваш.“
На крајот, тој му се обрати и на Рафаел Надал на трибините.
„Малку ми е чудно, како што рече Новак, да го видам Рафа во публиката. Мислам дека е прв пат. Професионално, бидејќи знам дека ме гледавте кога имав 14-15 години… Помина доста време. Но, навистина е чест да играм пред вас. Имавме одлични битки на теренот, не премногу, но за мене беше чест да го делам теренот со вас, а сега ме гледате. Тоа е привилегија за мене и ви благодарам“ – заклучи Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

