Карлос Алкараз делува максимално мотивирано да стигне до пехарот на УС Опен со што Шпанецот би можел и да се искачи на врвот на АТП-листата. Тој демонстрираше супериорна игра на синоќешниот дуел против Белучи што вториот носител го доби со максимални 3-0 во сетови, притоа отстапувајќи му на противникот само четири гејма во целиот меч (6-1, 6-0, 6-3).
Следен противник на шпанскиот ас ќе му биде 32. носител Дардери од Италија, кој во својот меч од втората рунда триумфираше над Спицири од САД со 3-1 во сетови.
Ова издание на УС Опен прерано заврши за Холгер Руне, кој го загуби маратонот со Штруф со 2-3 во сетови, губејќи со 5-7 во решавачкиот сет. Второто коло беше кобно и за Каспер Руд, кој беше поразен со 2-3 од Белгиецот Колињон, за кого ова беше прва победа во кариерата над тенисер од Топ 20 на АТП-листата.
Сигурна победа забележа првата носителка на женскиот дел од турнирот, Арина Сабаленка, која славеше со 2-0 над Кудерметова. Следен предизвик за Белорусинката ќе биде пресметката со Фернандез од Канада, која е 31. носителка на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

