„Алкараз уште сега може да се спореди со големата тројка“

Карлос Алкараз има доминатна година во светот на тенисот освојувајќи бројни трофеи на најголемите турнири. Шпанскиот тенисер игра неверојатен тенис со што уште сега започнаа споредувањата со големата тројка во тенисот – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

За него пофални зборови имаше Тин Хенмен, поранешниот тенисер кој на врвот на кариерата беше на четвртото место на АТП листата.

„По многу нешта Карлос уште сега може да го споредите со големата тројка. Поминав неколку дена со него и навистина ме импресираше и како тенисер и како личност. Неговиот став, неговата енергија, неговите вредности на теренот и надвор од него се навистина прва класа. Ако гледате како се развива играта на Карлос тоа е навистина феноменално. Тој веќе триумфираше на шест најголеми натпреварувања и покрај тоа што е млад. Луѓето уште сега се прашуваат кога ќе стигне до 20. Но, тоа не е фер. Тоа му прави голем притисок“, изјави Британецот.

Се вчитува...