Aлкараз: Веднаш знаев дека нешто не е во ред со Јаник

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до титулата на АТП мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Иако финалето требаше да биде вистински спектакл, тоа не се случи поради здравствената состојба на Јаник Синер.

Првиот тенисер на светот имаше проблеми со стомакот во текот на целиот прв сет во кој неколку пати бараше и помош од официјалниот лекар на турнирот.

„Веднаш беше јасно дека нешто го мачи Јаник. Го познавам добро неговиот тенис, игравме толку многу пати во последните години. Го знам неговиот стил, како може да игра, брзо сфатив дека прави грешки многу повеќе од вообичаено и сфатив дека нешто не е во ред“, изјави Алкараз. 

Се вчитува...