Карлос Алкараз говореше за медиумите во пресрет мастерс турнирот кој ќе се одржи во Барселона, а беше неизбежно да ја прокоментира и четвртфиналната пресметка од Лигата на Шампионите помеѓу Реал Марид и Арсенал.
Мадридскиот клуб по првиот меч одигран во Лондон има негатива од 3-0, но Алкараз кој е познат фан на Реал Мадрид верува дека неговиот омилен клуб има сили да направи сензационален камбек.
„Реал Мадрид да направи пресврт? Нормално, како прав мадридиста секогаш верувам во камбек на Реал Мадрид“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

