Алкараз: Во еден момент не знаев што да правам

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Тој синоќа славеше со 3-1, по сетови 6-1, 6-3, 4-6 и 6-4 против тенисерот од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур.

Шпанецот одлично го започна дуелот против Дамир Џумхур, но големиот борец од Босна и Херцеговина не се предаде. А колку момчето од Сараево, го намачи бранителот на титулата, изјави по мечот.

„Во третиот сет не знаев што да правам. Не можев да најдам дупка во неговата игра. Имав пад во играта, но тоа е нормално на гранд-слемовите. Натпреварите траат долго и речиси е невозможно постојано да имате високо ниво два или повеќе часа. Тој одлично го искористи мојот физички пад“, изјави Алкараз. 

Се вчитува...