Алкараз: Во Париз не сакам едно, туку две злата

Карлос Алкараз се закити со нов трофеј на грен-слем турнирите откако шпанскиот тенисер го демолираше Новак Ѓоковиќ на „Вимблдон“ славејќи со 3-0 за одбрана на титулата на најпрестижниот грен-слем во сезоната.

Претходно Шпанецот славеше и на Ролан Гарос, теренот на кој ќе се игра и завршницата на престојните Летни олимписки игри, а таму младиот тенисер откри дека сака да освои два златни медали, во индивидуална и во тимска категорија.

„Тенисот е таков, еден ден победуваш, а следниот веќе следни нешто ново важно на што треба да се концентрираш. Ќе уживам во оваа титула со пријателите и роднините, малку сакам да се опуштам од тензијата, но и едвај ги чекам своите први Олимписки игри. Сакам злато и тоа не едно туку две – заедно со Рафа во дабл“, изјави Алкараз.

Се вчитува...