Алкараз за доминацијата на Ѓоковиќ: Тоа е чин на бруталност…

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, заедно со Јаник Синер, се водечката тројка фаворити за освојување на УС Опен.

Алкараз се уште ја чувствува моќта на Ѓоковиќ на терените, па пред УС Опен беше прашан да ја опише така долгата доминација на Србинот.

„Тоа е чин на бруталност, да бидам потполно искрен. Што да кажам… Може да зборувам само за себе. Имам 21 година и веќе имам четири грандслем титули, но се надевам дека нема да останам на тоа. Моја задача е да продолжам да растам и освојам се што можам. Тоа Ѓоковиќ го правеше цела кариера, и сакам да одам по тој пат“ – вели Алкараз.

Се вчитува...