Алкараз загуби сет, но ја мина и втората пречка на Ролан Гарос

Карлос Алкараз се пласираше во третото коло од Ролан Гарос откако шпанскиот тенисер славеше на дуелот со Јеспер де Јонг од Холандија со 3-1 во сетови. Третиот носител делуваше сигурно на патот до рутинска победа откако поведе со 2-0, но потоа следеше голем пад во неговата игра. Де Јонг заигра далеку подобро, почна да доминира на теренот и го доби третиот сет со 2-6, но тоа беше се што Холанѓанецот успеа да стори.

Во четвртиот сет се играше израмнето само до 2-2, по што Алкараз успеа да се одлепи и на крајот да слави со конечни 6-2. Следен противник на шпанскиот тенисер ќе биде победникот од дуелот Корда – Квон.

Пласман во третото коло обезбеди и Циципас, кој исто како и Алкараз славеше со 3-1 на својот денешен дуел на кој за противник го имаше Алтмајер од Германија.

Дождот повторно создава огромни проблеми на организаторите во Париз, поради што голем дел од мечевите закажани за денес воопшто не се ни стартувани.

Се вчитува...