Алкараз загуби сет, но влезе во третото коло… елиминиран двократен финалист на Ролан Гарос

Португалецот Нуњо Боргеш го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од Ролан Гарос, во второто коло елиминирајќи го Каспер Руд со 3-1 во сетови. Руд беше финалист на францускиот гранслем во 2022 и во 2023 година, но норвешкиот тенисер денеска беше без одговор за одличниот Боргеш, кој поведе со 2-6. Руд израмни на 1-1 добивајќи го вториот сет со 6-4, но тоа беше се што Норвежанецот успеа да стори, бидејќи португалскиот тенисер доминираше до самиот крај, добивајќи ги следните два сета со преубедливи 6-1, 6-0.

По елиминацијата на седмиот носител Руд, портуталскиот тенисер во следната рунда го очекува пресметка со 25. носител Попирин, кој во својот меч од второто коло лесно, со максимални 3-0 во сетови, славеше над Чилеанецот Табилјо.

Карлос Алкараз рутински стигна до третото коло, иако шпанскиот тенисер неочекувано му дозволи на противникот Марошан од Унгарија да освои еден сет. Големиот фаворит славеше со убедливи 6-1 во првиот сет, но Унгарецот изненади во вториот дел од мечот, добивајќи го со 4-6. Тоа беше се што Марошан успеа да стори, откако Алкараз издоминира до самиот крај, славејќи во преостанатите два сета со 6-1, 6-2.

Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот меѓу Џумхур од БиХ и домашниот тенисер Мпечи Перикар.

Се вчитува...