Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со победа ја стартуваше одбраната на титулата на првиот АТП мастерс 1000 турнир во годината во американската пустина Индијан Велс.
Двократниот гранд-слем шампион во три сета во 2. коло славеше над Италијанецот Матео Арналди со 2-1, по сетови 6-7, 6-0 и 6-1. Откако го загуби првиот сет во тај-брејк, во продолжение Шпанецот на својот противник му дозволи само еден гем. Во 3. коло Алкараз за противник ќе го има Канаѓанецот, Феликс Оже-Алијасим.
Пласман во 3. коло синоќа обезбедија и Френсис Тиефо, Бен Шелтон, Александер Бублик, Јиржи Лехечка…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

