Карлос Алкараз го мина Нарди и се пласираше во следната рунда до турнирот во Доха, но шпанскиот тенисер неочекувано се мачеше иако имаше предност од 1-0 и 4-1 во вториот сет.
Серијата неизнудени грешки придонесе Алкараз да го загуби сетот, Шпанецот се консолидираше и на крајот стигна до победата, а по дуелот со насмевка обелодени дека една од причините била – брзањето за да може да стигне на ТВ да го гледа мечот меѓу неговиот Реал Мадрид и тимот на Манчестер Сити.
„Почнав да брзам и потоа следеа грешки што противникот знаеше да ги искористи. Да, брзав затоа што сакав да гледам Реал Мадрид – Манчестер Сити, но тоа не е единствената причина. Мене една од најтешките работи во тенисот ми е да го задржам фокусот од првиот до последниот поен. Не беше само до мене, Нарди одигра неверојатно во вториот дел од вториот сет и заслужено израмни. Сепак, знаев дека нема да може да го издржи тој ритам, се знаеме од деца и добро го познавам. Се случи токму тоа што го очекував“, истакна Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

