Карлос Алкараз се најде во центарот на вниманието за време на четвртфиналниот натпревар во Доха, откако жестока расправија со судијката Марија Чичак го одбележа напнатиот прв сет против Карен Качанов.
Шпанскиот тенисер играше многу нервозен и неизвесен дел од натпреварот, па го загуби првиот сет со 6-7, а фрустрацијата кулминираше откако беше опоменат за пречекорување на времето меѓу поените.
Марија Чичак му даде опомена на Алкараз бидејќи не беше подготвен да ја продолжи играта во предвиденото време, што на Шпанецот не му се допадна. Сметал дека нема доволно време да се одмори пред да започне одбројувањето од 25 секунди за следниот поен.
„Карлос, го запрев часовникот додека не стигна до делот каде што е крпата. 25-те секунди започнаа дури кога стигна до крпата“, објасни Чичак за време на дискусијата.
„Значи, не ми е дозволено да одам да земам крпа. Не ми е дозволено да правам ништо?“, одговори Алкараз.
Дискусијата не заврши тука. Видно вознемирен, Алкараз потоа му се обрати на својот тим на англиски, неговите зборови јасно се слушнаа на теренот.
„Правилата на АТП се срање! Срање!“, рече лутиот шпански тенисер, по што судијката кратко реагираше:
„Добро, мислам дека сите разбираме што мислите.“
Carlos Alcaraz 🇪🇸 après avoir reçu un avertissement pour dépassement de temps après ce point. 🤐
🗣️ « Les règles de l’ATP sont merdiques. MERDIQUES. »pic.twitter.com/EI2rg06NVl https://t.co/ZZjrPFxlXR
— Univers Tennis 🎾 (@UniversTennis) February 19, 2026
Сепак, на крај Алкараз се смири па ги доби вториот и третиот сет со 6-3 и 6-4, за на крај пресврт-победа против Качанов и пласман во полуфиналето во Доха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

