Карлос Алкараз не се наоѓа во најдобра форма во вториот дел од оваа календарска година, но младиот Шпанец е максимално мотивиран да блесне во последниот турнир за 2024 – завршницата од Дејвис-купот што ќе се одржи во Малага.
Ова ќе биде и последно натпреварување во кое ќе учествува Рафаел Надал, шпанската легенда објави ќе ја заврши кариерата токму со настап за Шпанија во Малага, а Алкараз е мотивиран да даде се од себе за Рафа да освои пехар на своето последно натпреварување.
„Ова ќе ми биде најспецијалниот турнир во кариерата. Отсекогаш сум сонувал да го освојам Дејвис-купот, уживам секогаш кога ја претставувам Шпанија… а згора на тоа крај себе ќе го имам Рафа, сето тоа ќе биде толку посебно… Ниту еден играч не заслужува повеќе од Надал со титула да ја заврши неверојатната кариера. Не велам дека ќе биде лесно, но да се победи за Рафа Надал, тоа ќе биде голема мотивација за сите во шпанската репрезентација“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА