Алкараз: Знам како да го победам Ѓоковиќ, подготвен сум да ја одбранам титулата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе си ги одмерат силите во големото финале на најпрестижниот грен-слем турнир „Вимблдон“ во недела. Овој натпревар воедно ќе претставува и реприза на минатогодишното финале во кое славеше помладиот Шпанец.

Говорејќи за финалниот натпревар Алкараз вели дека знае како да игра против далеку поискусниот Србин и дека е подготвен за финалната битка.

„Играв повеќе пати против Ѓоковиќ на финалните грен-слем турнири, мастерси… Знам како да играм против него. Сигурен сум и дека тој знае како да игра против мене за да ме победи. Ќе биде интересен меч. Јас сум подготвен за предизвикот“, вели Алкараз кој вели и дека нема да излезе на теренот во недела со помисла дека е бранител на титулата.

„Се обидувам да не размислувам на таков начин. Секој меч е посебна војна. Противниците се обидуваат да те победат, а јас сум свесен дека тоа е можно. Размислувам само дека треба да одиграм најдобро што можам. 

Се вчитува...