Карлос Алкараз е на околу седум недели од потенцијално огромен успех. Доколку го освои следниот Австралија Опен во Мелбурн, тој ќе стане најмладиот играч во историјата што ги освоил сите четири гранд-слема во кариерата.
Кога се знае дека само Фред Пери, Дон Баџ, Род Лејвер, Рој Емерсон, Андре Агаси, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ успеале во ова пред него, и дека таков подвиг им избегал на великани од калибарот на Пит Сампрас, Бјорн Борг, Иван Лендл, Џими Конорс, Матс Виландер и многу други, тогаш е јасно колку е тоа предизвик.
„Мислам дека проблемот за мене е што Австралија Опен е на почетокот на годината. Не успевам да дојдам во Мелбурн во вистинскиот натпреварувачки ритам. Другите тенисери успеваат да го направат тоа, тие се снаоѓаат подобро во такви ситуации“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

