Досегашниот фудбалер на Њукасл, Мигел Алмирон, потпиша договор со Атланта Јунајтед во МЛС лигата до крајот на 2027 година, со опција за продолжување на договорот до крајот на 2028 година.
Финансиските детали не се соопштени, но британските медиуми објавија дека целиот трансфер е вреден 11 милиони фунти.
30-годишниот Алмирон играчката кариера ја почна во Серо Портењо, а потоа играше за Ланус. Парагвајскиот фудбалер играше за Атланта Јунајтед од 2016 до 2019 година, пред да се пресели во Њукасл за сума од 21 милион фунти, каде одигра 223 натпревари и постигна 30 голови.
За репрезентацијата на Парагвај досега има 64 натпревари и постигнато осум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА