Алмирон останува верен на Њуксал до 2026 година

Њукасл првата сезона во новата ера ја започна одлично и по 23. одиграни натпревари во Премиерлигата се наоѓа во позиција која води во европските натпреварувања следната сезона.

А, за предизвиците кои следат „црно-белите“ ќе можат да сметаат на еден од најдобрите играчи, Алмирон кој денеска официјално стави потпис за продолжување на соработката до 2026 година.

Парагвaeцот го засили Њукасл во 2019 година, а оваа сезона блеска на теренот. Досега постигна 10 гола, а забележа и една асистенција со што го примами интересот на европските великани. 29-годишникот се поврзуваше со трансфер во Атлетико Мадрид и Арсенал, но вели дека е пресреќен каде што се наоѓа и нема намера да се пресели.

 

Се вчитува...