Левиот бек на Работнички, Дин Аломеровиќ ја продолжи верноста со „романтичарите“ на уште две години, соопштија од клубот.
Аломеровиќ во 2021 година се врати во Работнички, а претходно во овој тим настапуваше од февруари до јули 2020 година. Има и интернационална кариера играјќи за неколку клуба во Шпанија.
Работнички со тоа продолжи да го средува играчкиот кадар и ги задржува оние фудбалери на кои ќе смета и во иднина. Претходно нов договор со клубот потпиша и Кире Маркоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

