Ракометарите на Е. Пелистер ги загубија сите можности за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, по убедливиот пораз од 39-29 на гостувањето против Фуксе Берлин во претпоследното коло од групната фаза.
Но, и покрај поразот, тренерот Раул Алонсо вели дека нема што да им замери на своите избраници кои во поголемиот дел од меч одиграа максимално рамноправно со фаворитот.
„Сакам да им честитам на моите момци за одиграното на овој натпревар кој беше реално сосема израмнет се до последните 20 минути игра. Париравме максимално за да не загубиме со висока разлика. Во дефанзивата завршивме одлична работа, но во вториот дел не можевме да го реализираме она што го планиравме“ – истакна шпанскиот тренер на синоќешната прес-конференција во Берлин.
Во последното коло сезонава во Лигата на шампионите, „пелистерци“ следната недела на домашен терен играат со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

