Британските медиуми пренесуваат дека Алонсо е казнет по истрагата на стјуардите за инцидентот со возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Шпанскиот возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, е казнет со додавање 20 секунди на резултатот на трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија поради опасно возење.
По трката, Алонсо и Расел беа интервјуирани од стјуардите, кои решија да го казнат шпанскиот возач со додавање од 20 секунди и три казнени поени за опасно возење во претпоследниот круг од трката. Поради казната Шпанецот трката во Мелбурн ја заврши на осмото место, иако претходно беше шести.
Британските медиуми пренесуваат дека Алонсо на сослушувањето им рекол на стјуардите дека има намера поинаку да влезе во свиокот, но дека погрешил и затоа морал да преземе дополнителни чекори за повторно да забрза. Расел рече дека смета дека маневарот на шпанскиот возач е несоодветен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА