Реал Мадрид нема намера да ангажира нови играчи во зимскиот преоден рок, и покрај инсистирањето на тренерот Чаби Алонсо за играч од средниот ред. Меѓутоа тоа нема да се случи.
Шпанските медиуми тврдат дека позајмицата на Ендрик во Лион ќе биде единственото нешто на трансфер пазарот на „кралевите“ оваа зима. Тоа се случи, што значи дека кралскиот тим заврши со трансфери за оваа зима.
Раководството на Реал смета дека тимот е доволно силен и конкурентен да се бори за титулата, и затоа не планира да троши пари во јануари. Исто така било побарано од Алонсо да користи и некои од младите играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

