Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрд и тоа по крајот на тековната сезона, пренесува германскиот новинар на „Скај Спортс“, доборупатениот Флоријан Плентеберг.
Алонсо минатата сезона направи чудо на клупта на Баер Леверкузен и го постави своето име високо на тренерската мапа, а и покрај тоа што за него е заинтересиран и Манчестер Сити кој го гледа како идеален наследник на Пеп Гвардиола, Шпанецот сака да работи во татковината.
Алонсо помина пет години на „Сантијаго Бернабеу“ како играч од 2009 до 2014 година, а сега сака да продолжи да испишува историја , но како тренер на најтрофејниот европски клуб.
Шпанските медиуми најавуваат дека Чаби со себе ќе го донесе и својот омилен фудбалер од Баер Леверкузен. Станува збор за офанзивецот Флоријан Вирц, кој е клучен играч во редовите на германскиот шампион. Баер го има проценето Вирц на 130 милиони евра, Баерн Минхен е подготвен да ја плати оваа сума, но „фармацевтите“ би го продаде Вирц и за помалку во Реал, само за да не го засилат својот директен ривал со најдобриот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА