Чаби Алонсо и дефинитивно ќе остане на клупата на Баер Леверкузен и во следната сезона. Одолеа на „нападите“ од Ливерпул и од Баерн Минхен, кои силно го посакуваа на својата клупа. Но, тој донесе конечна одлука – да остане да биде тренер на „фармацевтите“.
Шпанските медиуми од извори блиски до тренерот објавуваат дека Алонсо го сторил тоа планирано, односно имал амбиции да биде дел од друг клуб. А тоа е никој друг, туку Реал Мадрид.
Јасно е дека Карло Анчелоти има договор со „кралевите“ до крајот на идната сезона, а истото е и со Чаби Алонсо, па така тој би можел како слободен да биде тренер на „кралевите“.
На вакво сценарио веќе еднаш се пишуваше, а Алонсо ниту ги демантираше ниту ги потврди овие шпекулации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА