Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо истакна незадоволство од настапот на својот тим на реваншот во Лигата на Европа против Вест Хем. Неговиот тим со ремито од 1-1, се плсираше во полуфиналето, после победата во првиот меч во Леверкузен од 2-0.
Неговиот тим во 44 меча не знае за пораз оваа сезона, со што и натаму ја продолжува својата бајка.
„Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе притисне многу силно. Не ни беше удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрено, во првиот дел противникот беше подобар. Многу е важно што не примивме втор гол, затоа што дефинитивно беа подобри од нас. За среќа после паузата ги свртевме работите, и драго ми е што продолжуваме понатаму. Секогаш има тешки моменти, особено во овие европски натпревари“, рече Алонсо.
Баер Леверкузен во полуфиналето во Лигата на Европа ќе се соочи со тимот на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА