Алонсо го сели Алаба во средниот ред на Реал Мадрид

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба, би можел идната сезона да биде „прекомандуван“ во средниот ред на Реал Мадрид. Ваков развој на настаните пренесува „Марка“.

33-годишниот дефанзивец играше на оваа позиција на пријателскиот меч против Леганес (4-1) откако влезе како резерва. Австриецот претходно играше во средниот ред на Баерн Минхен, кога сегашниот тренер Чаби Алонсо, му беше соиграч на теренот.

Алаба дојде во Реал Мадрид како засилување на левата бековска позиција, но потоа во голема мера играше како стопер, улога во која се снајде одлично. Меѓутоа напредокот на Асенсио и носењето на Хујсен, како и враќањето на Милитао од повредата, ќе го натера Алонсо да го користи Алаба како централен играч за врска на некои натпревари идната сезона.

Австриецот ја пропушти речиси цела сезона лани поради тешка повреда, а се врати во финишот на шампионатот.

Се вчитува...