Алонсо: Горд сум на цела Битола и овие момци!

Ракометарите на Е. Пелистер, со пораз ја завршија сезоната во Лигата на шампионите, во мечот за престиж синоќа во Битола кој заврши со победа на француски ПСЖ од 26-35.

Но, по мечот тренерот Раул Алонсо истакна дека е горд на играчите за се демонстрирано оваа сезона, но и на цела Битола од која се чувствувала поддршката за тимот низ целата сезона.

„Навистина многу сум горд на Битола и моите играчи. Дадовме се од себе на овој натпревар со ПСЖ по една тешка недела, со ракометари кои беа болни, па не беше лесно да се подготви овој дуел“ – истакна на синоќешната прес-конференција Алонсо, притоа дополнувајќи:

„Мечот тргна лошо за нас, но се вративме во игра и се боревме добро. Беше тешко да се остане во натпреварот, секогаш бевме два до три гола зад ривалот. На полувреме губевме пет гола, па пак се вративме, покажавме енергија, но мора да прифатиме дека нашето ниво не беше доволно да се носиме со ПСЖ. Сепак, јасно е дека овие натпревари ќе гне направат посилни. На крајот шанса добија и помладите играчи, па среќен сум затоа што нашата публика ја препозна борбата и цело време беше со нас“.

Се вчитува...