Алонсо и Симеоне се скараа поради Винисиус: „Гледај си ги твоите играчи, по ѓаволите“

Вербална расправија избувна помеѓу Винисиус Жуниор, Диего Симеоне и Чаби Алонсо за време на замената на Бразилецот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид (1:2).

Главниот тренер на Атлетико му рече на крилниот напаѓач на Реал Мадрид: „Слушај, слушај…“, покажувајќи кон извиците од трибините. Не е јасно дали ова беше упатено лично кон Винисиус или кон фактот дека тој беше заменет.

Бразилецот почна да бара од судијата да му покаже жолт картон на Симеоне: „Картон… Картон за него, за него!“ На крајот, двајцата играчи добија жолт картон.

Во овој момент, Чаби Алонсо интервенираше . Главниот тренер на Реал Мадрид застана во одбрана на својот играч и почна да го прекорува Симеоне за неговото однесување. Неговите зборови беа пренесени од „Мовистар“: „Чоло! Чоло! Ти грижи се за своите играчи, по ѓаволите“.

За време на натпреварот веќе имаше судири меѓу Симеоне и Винисиус. Аргентинецот му рече на играчот на Реал Мадрид: „Флорентино ќе те исфрли, запамти ги моите зборови. “

Се вчитува...