Алонсо има други планови, па Ајнтрахт има нов фаворит за клупата

И покрај пишувањата на одредени германски медиуми дека Чаби Алонсо би можел да го преземе Ајнтрахт Франкфурт, сепак, до тоа нема да дојде. Шпанецот атакува на поголем клуб, и на некој тим од Премиерлигата, а сега тимот од Франфурт има нов фаворит.

Станува збор за поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и на Лајпциг, Марко Розе кој во следните часови би требало да стане нов предводник на тимот од Франфурт.

Розе треба да го замени Дино Топмелер, кој доби отказ по серијата на слаби настапи и резултати, откако Ајнтрахт е во серија од четири натпревари без победа.

Се вчитува...