Алонсо ќе прави „мал ремонт“ во Реал Мадрид

Карло Анчелоти и натаму е тренер на Реал Мадрид, но шпанските медиуми се убедени дека на крајот на сезоната „кралевите“ ќе имаат нов тренер во името на Чаби Алонсо. Сегашниот предводник на Баер Леверкузен, одамна е желба на актуелниот европски првак, и неговиот трансфер би можел да се случи за неколку месеци.

Наводно Анчелоти ќе седне на клупата на Бразил, со која ќе се обиде да го освои Мундијалот идната 2026 година.

Шпанските медиуми објавуваат дека Алонсо ќе направи мал ремонт во соблекувалната на Реал. Така Алонсо веднаш би се ослободил од услугите на Орелиен Чуамени и Ферлан Менди. Овие двајца наводно не се во плановите на идниот тренер.

Од друга страна, Алонсо ќе бара од раководството на Реал да му бидат донесени Флоријан Вирц и Грималдо. Исто така Алонсо сака да му биде донесен и Трент Алексндер-Арнолд, чиј договор истекува на лето, и веројатно ќе се пресели на „Сангијаго Бернабе“. Еден од оние кои се споменува како можно ново име е Никола Барела од Интер, за да го засили средниот ред, со оглед дека Модриќ оваа година ќе наполни 40 години.

Се вчитува...