Фернандо Алонсо и дефинитивно ќе биде дел од следното издание на релито Дакар, во која Шпанецот ќе управува возило на Тојота. Поранешниот Ф-1 првак изненади со изборот на копилот, откако денеска беше обелоденето дека друштво на Алонсо за време на најпознатото светско рели ќе му прави Марк Кома.
Шпанецот има пет титули на Дакар во конкуренција на мотори, но се согласил во 2020 да соработува со Алонсо. Веќе е договорено двајцата ќе тестираат во текот на есента, во Намибија и во Полска, за максимално подготвено да влезат во предизвикот наречен „Рели Дакар“.
Влегувањето на Алонсо во ова натпреварување беше поздравено и од ланскиот победник Насер ал Атијах.
„Фернандо е извонреден возач, тој беше шампион во Формула 1 и прекрасно е што сега ќе се обиде и во крос-кантри возењето. Мислам дека неговото вклучување е одлично за нашиот спорт“ – истакна Ал Атијах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА