Баер Леверкузен се наоѓа на чекор од комплетирање на совршена сезона и надминување на рекорд стар речиси 60 години откако избраниците на Чави Алонсо славеа со убедливи 5-1 над Ајнтахт Франкфурт.
Со тоа „фармацевтите“ го забележаа натпреварот број 48 во сите натпреварувања без пораз и доколку не бидат поразени на следниот натпревар ќе надминат рекордот во сопственост на Бенфика oд сезоната 1963/64.
Младиот шпански стратег не го предводеше својот тим од клупата поради суспензија за жолти картони, но говореше на пресконференцијата за медиуми по завршување на средбата.
„И резултатот и играта беа фантастични против Ајнтрахт. Резултатот беше спектакуларен, но мене ми е мило што фудбалерите играа сериозно и дисциплинирано. Постигнуваме голови во битни моменти. Ги чекаме своите моменти и реагираме. Фудбалерите беа на врв на задачата како и сите во клубот. Беше лесно да комуницираме и да ги споделам тактичките работи кои ги согледав. На никој не му недостасуваше човекот кој е обично на клупата“, низ смеа изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА